Десетгодишно девојче пронајдено живо под урнатините 90 часа по земјотресот во Турција

Десетгодишно девојче е пронајдено живо деведесет часа по земјотресот што во понеделникот ја погоди Турција, соопштија спасувачки тимови. Според соопштение, првото нешто што девојчето го побарало откако било спасено било млеко. Таа била заробена под урнатините на зграда во провинцијата Хатај, јавија турски медиуми.

Спасувачки тим од Анталија слушнал „звук под урнатините“ и по седум часа работа  го извлекол девојчето.

Back to top button
Close