Десетици илјади Романци протестираа во Букурешт, бараат одржување на претседателски избори
Десетици илјади Романци незадоволни од откажувањето на претседателските избори денеска маршираа низ Букурешт, барајќи да се одржи вториот круг од претседателските избори и претседателот во заминување Клаус Јоханис да поднесе оставка.
Протестот беше организиран од опозициската десничарска Алијанса за обединување на Романците, втората по големина партија во Романија, објави Ројтерс.
-Бараме враќање на демократијата со продолжување на вториот круг од изборите – изјави лидерот на АУР, Ѓорѓе Симион.
Врховниот суд на Романија ги поништи претседателските избори на 6 декември, два дена пред вториот круг од изборите.
Откажувањето на вториот круг дојде откако владините документи покажаа дека лидерот Калин Џордеску, критичар на НАТО , имал корист од нефер кампањата на социјалните мрежи, наводно оркестрирана од Русија , што Москва го негира