Десетици илјади студенти и граѓани маршираат кон Нови Сад

Сите патишта во Србија водат кон Нови Сад. За утре таму е закажана комеморација за 16-те жртви точно од годишнината од падот на настрешницата на Железничката станица.

Десетици илјади студенти и граѓани пешки (а некои и на велосипеди) се на патиштата кон Нови Сад. Некои ножеска преспија во Инѓија, некои на други места.

Граѓаните на Нови Сад вечерва им подготвуваат топло добредојде, голем пречек и простори за спиење.

Властите го откажаа сиот железнички превоз, наводно поради дојави за бомби, што е истиот образец за двата други големи собири оваа година, на 15 март и 28 јуни.

Почетокот на комеморативниот собир на 1 ноември е во 11,52 часот пред железничката станица, додека собирот ќе започне порано, во 10 часот наутро на 16 локации во градот.

Планирано е собирот да заврши во 20 часот.

Главната сцена ќе биде поставена во близина на зградата на железничката станица, а програмата ќе се емитува по целиот Булевар на ослободувањето. Ќе има програма во форма на сценографија, говорници.

Во Нови Сад, полицијата го уапси Миша Бачулов, член на градското собрание и претседател на граѓанската група „Биди херој“.

Провладините медиуми тврдат дека постои сомневање оти Бачулов планирал да го лажира сопственото труење и да ги обвини српскиот претседател Александар Вучиќ и државниот врв за обид за убиство. Според нивните извори, целта на наводната инсценација била да се предизвика бунт кај граѓаните за време на утрешните протести во Нови Сад и да се поттикнат конфликти и насилство на улиците.

Објавено е видео од апсењето, на кое се гледа дека апсењето го извршиле специјалци во полна опрема и со пиштол вперен во Бачулов

Back to top button
Close