Десетици лица се наоѓаат под урнатините на зграда во Олешки, изјави гувернерот на Херсонскиот регион
Десетици лица се наоѓаат под урнатините на зграда во градот Олешки, во Херсонскиот регион, што беше цел на воздушен напад од страна на украинските вооружени сили, изјави денеска во објава на каналот Телеграм, гувернерот на регионот, Володимир Салдо.
Руските медиуми пренесуваат дека според Солдо, зградата била погодена од две бомби и речиси била уништена, додека информациите за жртвите сè уште се разјаснуваат.
Тој додаде дека спасувачите не можеле да започнат со расчистување на урнатините поради украинските беспилотни летала.
„Над регионот се активни ФПВ дронови, извидувачки дронови што ја следат околината и не им дозволуваат на спасувачите или комуналните работници да прават ништо“, рече Салдо.
Херсонскиот регион се наоѓа во долниот тек на реката Дњепар, помеѓу Азовското и Црното Море.
Руската армија контролира 75 проценти од Херсонскиот регион, додека вооружените сили на Украина го држат десниот брег на Дњепар, вклучувајќи го и градот Херсон.