ДЕСЕТИНА БУГАРИ ОДДАДОА ПОЧИТ НА МАРА БУНЕВА: Ќе бараат да се постави нејзин споменик до Камениот мост

Годинава на годишнината од смртта на револуционерката Мара Бунева се собраа само десетина Бугари.

Само десетина претставници на бугарската заедница во Македонија годинава дојдоа на кејот на Вардар во Скопје за да ја одбележат годишнината од смртта на Мара Бунева.

„Притисокот врз Бугарите во Македонија е огромен, а сепак гледате десетици Бугари од Македонија излегоа да ѝ оддадат чест на Мара Бунева. Не се гасне тоа што не можете да го изгаснете“, напиша Виктор Стојанов, претседателот на фондацијата Македонија, на социјалните мрежи.

Десетината присутни носеа транспарент „Македонија на Македонците“, испишан на бугарски јазик.

 

 

„Бугарите од Северна Македонија ќе поднесат барање до Општина Скопје за поставување споменик на Мара Бунева во градот Скопје – веднаш до Камениот мост. Фондацијата Македонија ќе им помогне. Очекувајте повеќе информации за ова во следните недели“, пишуваат попладнево на Фејсбук од Фондацијата Македонија.

извор Фактор мк.

Back to top button
Close