Деспотовски: Концептот за зоните е создаден за време на првата влада на СДСМ, најновата инвестиција од Тајван е историски најголема
Директорот на ТИРЗ Јово Деспотовски објаснувајќи ја последната инвестиција во емисијата на Васко Ефтов укажа на дека безбедноста на Македонија со инвестиција од Тајван никако не е загрозена.
“Ние сега не сме земја со мировни сили на нашите граници, ние имаме своја гранична полиција и армија, членка сме во НАТО и имаме голем безбедносен чадор – и најважно, политички не го признаваме Тајван.” Подвлече Деспотовски.
Тој информираше дека концептот за индустриските зони е создаден 1995-96 година за време на првата Влада на СДСМ и потенцираше дека од 2018 година наваму условите за инвестирање се изедначени за сите.
Македонија е суверена држава и самостојно одлучува какви инвестиции привлекува, додава Деспотовски.