Деспотовски: Не му се спротивставувам на Заев со кандидатурата

Концептот 28 што го поднесов денес се фокусира на луѓето. Нудам нов концепт, на кој начин ќе им излеземе на луѓето во пресрет. Нудам целосно нов начин на спроведување на политиките, иако не сметам дека досегашните беа погрешни, вели кандидатот за лидер на СДСМ и директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски за Дневникот на ТВ Сител.

Тој потенцира дека не бега од предизвици, ниту се плаши од одговорност доколку стане лидер на партијата.

-Доволно е да слушаме, барем во делот на енергетската состојба. Не ни треба дебата од година дена, туку да седнеме и конкретно да разговараме. Дали треба да биде Заев или не премиер понатака, ќе се одговори во ваков процес, смета Деспотовски.

На прашањето дали го контактирал Заев во однос на поднесената кандидатура, Деспотовски вели не разговарал со лидерот на СДСМ во изминатите денови.

-Не сметам дека му се спротивставувам на Заев со поднесената кандидатура. СДСМ е демократска партија. Еден пристап е ако седите од страна и коментирате, а сосема друг е чесно да дискутирате и презентирате различни идеи и видувања. Длабоко верувам дека и Заев е за зачувување на единството на партијата преку ваквиот процес на внатрепартиски избори, потенцира Деспотовски.

Back to top button
Close