Деспотовски: Останувам на истото место, влегов во трка со срце не за пазар

Влегов во кандидатурата за претседател на СДСМ со срце, не за пазар. Останувам на истото место, со срце да придонесам за државата и СДСМ, особено почитувајќи ги принципите наведени во „Концепт 28“ – програма која беше широко прифатена и наиде на многу позитивни мислења од сопартијците, но првенствено и кај многу луѓе надвор од политиката, истакна директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, при гостувањето на радио мрежата Канал 77, откако во јавноста се појавија информации дека тој ќе биде идниот министер за одбарна.

„Би сакал да потенцирам дека една година откако сум прв човек во ТИРЗ, компаниите во ТИР зоните достигнаа извоз од 3 милијарди евра во 2021 што е рекордно ниво од постоењето до денес. Мојот приоритет во ТИРЗ останува нашите сограѓани вработени во компаниите од Зоните да бидат добро платени за да имаат достоен живот. Анализите и бројките покажуваат дека успеваме во тоа“, изјави тој.

Заедно о поранешната пратеничка Фросина Ременски, Деспотовски му беше противкандидат на Ковачевски за лидерската позиција во СДСМ. Откако Ковачевски извојува победа, Деспотовски рече дека останува член но не се гледа како министер во идната влада.

 

 

Back to top button
Close