Деспотовски: Заев е искусен политичар, оставката не е емотивна реакција

Најавата за оставка од премиерот Зоран Заев е личен чин кој апсолутно го поздравувам истакна денеска директорот на ТИРЗ и член на СДСМ, Јован Деспотовски во гостувањето на Канал 5.

Вели дека одлуката за брзо време ќе биде спроведена.

Треба да се даде малку простор, но не очекувам дека ќе се чека до декември, рече Деспотоски.

-Toj e искусен политичар, не верувам дека е емотивна реакција. Верувам дека било тешко. Чувството на политичка одговорност е лично чувство. Не ја коментирам дали е исправна или не, но отвора простор за дискусија што понатаму. Не мислам дека ќе имаме Б или Ц сценарио, ставот на Заев беше јасен, вели Деспотоски.

Back to top button
Close