Детали за синоќешната драма во скопски Карпош: Вработена во маркет денеска го препознала разбојникот

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода Б.К. (33) од Скопје постапувајќи по пријава околу 21 часот за обид за разбојништво во маркет на ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Скопје

 

.Како што информира МВР, веднаш по добиената пријава преземени се мерки и активности за пронаоѓање на сторителот, по што тој е пронајден и лишен од слобода.

При преземањето на активности, полициски службеник испукал два пати во воздух. Од страна на вработена во маркетот извршено е препознавање на сторителот при што оштетената посочила дека Б.К. е сторителот.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

 

Back to top button
Close