Детали за сообраќајката кај МАНУ: Несреќата се случила три часа по полноќ

Автомобил се превртe на булеварот „Крсте Мисирков” во близината на МАНУ во Скопје. Несреќата се случила три часа по полноќ.

Oд СВР Скопје информираат дека сообраќајкајната незгода се случила во 2.55 часот кога возачот на автомобил од марката „пасат” со скопски регистарски таблички ја загубил контролата над возилото и се превртел.

Возачот Љ.Ч (45) поминал без повреди, а причинета е само материјална штета врз возилото.

Back to top button
Close