Детали за сообраќајната несреќа Градско-Велес: Се судриле две цистерни, има повредени

Рано утрово, oд АМСМ информираа дека се случила сообраќајна незгода на автопатот Градско-Велес, при што и сообраќајот бил прекинат. Само по час и половина, пристигна уште едно известување, во кое е потенцирано дека сообраќајот е нормализиран.

Прес24 ги контактираше надлежните институции, кои информираат дека всушност се судриле две товарни возила со приклучни возила цистерни, а двајцата возачи биле повредени.

 

„На 15.07.2022 во 03.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А-1 на делницата Стоби – Неготино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „ман“ со приклучно возило – цистерна со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(28) од Богданци и товарно возило „Ман“ со приклучно возило – цистерна со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Т. (51) од Кавадарци“, информираат од СВР Велес за Прес24.

„Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и биле пренесени ЈЗУ-Општа болница во Велес за укажување лекарска помош“, се додава во нивното соопштение.

Back to top button
Close