Дете (2) од Куманово затруено со разредувач за боја, заврши во болница

Уште еден случај на затруено дете во Куманово евидентира кумановската полиција.

Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово кое било затруено со средство за разредување на боја.

По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Лани имаше неколку случаи на затруени деца од кумановскиот регион.

Дел од децата беа затруени откако испиле средства за чистење, за дезинфекција, дел од дечињата испиле таблети

Back to top button
Close