Дете од Кина играјќи пронајде јајце од диносаурус старо 66 милиони години

 

10-годишно момче во Кина, играјќи покрај езеро, случајно откопа фосилизирано јајце што доведе до откривање на многу ретко гнездо на диносаурус старо 66 милиони години.

Откритието е направено во градот Хејуан, во провинцијата Гуангдонг. Град во Кина кој стана светски познат по бројот на пронајдени фосилизирани остатоци од диносауруси, особено на фосилизирани јајца.

Малиот Јангже заедно со својата мајка играл на брегот на реката Донг,кога ги пронашол фосилизираните јајца од диносаурус.

Според Ладиблиб „тој се обидувал да најде нешто што може да пукне отворени ореви“.

Кога пронашол нешто чудно малиот Жанг ја повика својата мајка Ли Кјаофанг за да му помогне да разбере што откопал, а таа се согласила дека можеби пронашле јајце на диносаурус.

Тие веднаш го контактирале локалниот музеј за нивното откритие и двајцата, потоа го чувале јајцето сè додека експертите не пристигнале на местото и не го обезбедиле.

Експертите веднаш потврдиле дека чудниот камен е фосилизирано јајце. Во следните денови, тие започнале да ја ископуваат локацијата каде што 10 годишното дете ги пронашо фосилите. За време на копањето, тие нашле уште десет јајца кои биле идентични со оние откриени од ученикот. Тие утврдиле дека Жанг пронашол гнездо на диносаурус затоа што сите биле откриени во мала област. Фосилите се со дијаметар приближно 3,5 инчи (9,1 см).

Back to top button
Close