Детектор анкета: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија

62.6 проценти од граѓаните сметаат дека во Македонија не можат да добијат фер судење, покажува најновата анкета на Детектор. Само 23.5 проценти велат дека можат да добијат фер судење, бројка која е благо зголемена споредено со 2023та година кога на истото прашање потврден одговор дале 19.3 проценти од испитаниците.

73.5 проценти сметаат дека правдата во земјава е селективна, бројка која е непроменета во изминатите две години. Во неселективна правда веруваат 19, 3 проценти од испитаниците.

Довербата во судството е зголемена од 5.3 на 8,4 проценти. Заедно со оние кои 18,4 кои велат дека донекаде му веруваат на судството, вкупно 26,8 проценти од испитаниците имаат позитивен став кон судската власт. 51,6 проценти одговориле дека воопшто не му веруваат на судството.

Нa обвинителството му веруваат 5,8 проценти од испитаниците додека пак донекаде му веруваат уште дополнителни 20.5 проценти. Недовербата е измерена на 50,5 проценти.

Довербата во полицијата е повисока- 19 проценти велат дека и веруваат а дополнително уште 29,8 велат дека донекаде и веруваат на полицијата.

77.2 проценти од испитаниците сметаат дека постојат надворешни влијанија врз правосудството, додека 10.8 проценти сметаат дека е независно.

64.4 проценти сметаат дека поголемиот број на процеси во изминатите години против поранешни и актуелни функционери не биле фер и праведни.

Големо е мнозинството на граѓани кои сметаат дека Судскиот Совет и Советот на јавни обвинители треба да бидат распуштени. 57.8 проценти од испитаниците велат дека треба целосно да се распушти Судскиот Совет а 54.6 сметаат дека треба да се распушти Советот на јавни обвинители.

Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС), телефонски, во периодот од 24 до 27ми декември 2024 на репрезентативен примерок од 1066 испитаници.

Back to top button
Close