„Детето ми умре на раце на пат за Скопје, барам казна и правда“, вели мајката на тригодишното дете од Кавадарци
Тања Стојанова од Кавадаречко, пред два дена била со својот тригодишен син Блаже и со останатите три деца дома. Утринава кога ја побаравме, таа беше на гробишта, пишува Слободен печат.
Нејзиниот Блаже почина на пат кон Скопје завчера, во нејзините раце. И Тања и сопругот Томе бараат адвокати што бесплатно би ги застапувале во нивниот обид да докажат дека во кавадаречката болница каде го однеле детето, не им било помогнато и тоа од докторка со конкретно име и презиме која ја обвинуваат за лоша и неадекватна проценка на здравствената состојба на малечкиот.
-Точно е дека Блаже имаше Даунов синдром и не напредуваше со телесната тежина. Имаше 3 килограми и 680 грама. Но, тоа не значи дека треба да се остави без третман. Кога се разбудив ноќта, видов дека ја плукнал цуцлата, а исплукал и крв. Веднаш со сопругот отидовме во болницата во Кавадарци. Таму им кажавме дека е без енергија, истоштен, дека плукна крв која можеше да се види на панталоните. Го прегледаа со слушалка, со дрвено стапче во устата и му измерија температура. Потоа ми рекоа дека Блаже е добар. Побаравме упат за Скопје и ни дадоа, но кога побаравме амбулантско возило за превоз до Скопје, докторката што беше дежурна ни рече дека нема основ да ни издаде возило за Скопје и да се снаоѓаме сами, сме можеле да одиме со автобус до Скопје, а рече дека била сигурна оти Блаже ќе го издржел патувањето. Ова се случуваше во 3 часот ноќта. Сабајлето имавме најдено превоз и Блаже не го издржа патувањето до Скопје. Ми умре на раце на патарината пред Скопје, изјави за „Слободен печат“ Тања Стојанова, мајка на детето.
…
повеќе