Девет новозаболени лица од КОВИД-19 во Кумановско

Центарот за јавно здравје – Куманово во последните 24 часа регистрира девет новозаболени лица од КОВИД-19, сите од Куманово и околните села, информираа денеска надлежните од установата.

-Сите новозаболени се од веќе познати кластери и имале контакти со член на семејство кој бил заразен. Во Липково по подолг временски период немаме новозаразено лице, изјави директорот на установата, д-р Ариф Љатифи.

Back to top button
Close