Девет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

– Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година во втората селекција одбра девет романи кои останаа во конкуренција за добивање на оваа престижна награда.

На годинашниот конкурс пристигнаа 41 роман, а жири комисијата во првата селекција одбра 18 наслови. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 15 март, петок.

Во жири комисијата, која одлучува при изборот на романите, се Оливера Николова (минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“).

Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе биде врачена по 22 пат. Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Back to top button
Close