Деветгодишно дете и 44-годишен од Росоман позитивни на Ковид-19

 Уште двајца росоманци се позитивни на Ковид-19 во изминатите 24 часа, тие се  на возраст од 9 и 44 години, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог  при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Двајцата претходно имале контакт со лице позитивно на коронавирус. Имаат лесна клиничка слика. Се утврдуваат нивните контакти, со цел нивна изолација.

Back to top button
Close