Деветмина од Прилеп, Битола и Кичево приведени по масовната тепачка со дрвени предмети и ножеви на Осломејската крстосница во Кичево!

Инцидентот се случил околу 01:30 часот, кога дошло до меѓусебна физичка пресметка меѓу повеќе лица, при што биле употребени ножеви и дрвени предмети.
Полицијата привела деветмина учесници во масовната тепачка – млади лица од Прилеп, Битола и Кичево. Тие биле лишени од слобода неколку часа подоцна, околу 03:40 часот, од страна на полициски службеници од ОВР Кичево.
По целосно расчистување на случајот против вмешаните во инцидентот ќе следуваат соодветни пријави.






