Деветмина возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување со возило, а 540 санкционирани за брзо возење

Деветмина возачи од кои двајца заради прекумерно присуство на алкохол во крвта (над 1,5 промили) и седуммина заради управување со брзина поголема од дозволената лишила полицијата во вчерашните редовни сообраќајни контроли реализирани од полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава.

Минтерството за внатрешни работи денеска соопшти дека од вкупно 772 издадени платни налози поголемиот дел од нив, односно 540 прекршоци се однесувале на возачи кои што не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Според статистичкиот преглед од полициските активности, како што е наведено, биле евидентирани 41 прекршок за неправилно паркирање, 50 за возачи што управувале возила без возачки доволи, како и 28 прекршоци за возачи кај кои е регистрирано присуство на алкохол над законски дозволеното ниво.

– Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден санкционирани биле и 14 возачи на мотоцикли заради неносење заштитен шлем, потоа девет лица заради користење на мобилен телефон при возење, еден пешак и четворица возачи што минале на црвено светло, како и 16 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 13 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а две заради техничка неисправност, стои во информацијата.

Back to top button
Close