Деветмина загинати во несреќата на товарниот авион во Сибир

Сите девет лица загинаа на летот на товарниот авион Антонов Ан-12, сопственост на Белорусија, кој се урна во Сибир и се запали откако исчезна од радарот во близина на градот Иркутск, соопштија денеска официјални лица.

– Единствено што можеме да видиме е дека, за жал, сите се мртви, изјави Игор Кобзев, регионален гувернер на Иркутск.

Претходно властите соопштија дека во авионската несреќа загинале три лица.

Локален огранок на Рускиот истражен комитет соопшти дека покренал кривична постапка за кршење на правилата за безбедност во сообраќајот.

Авионот е сопственост на белоруската компанија Гродно, а белоруските власти соопштија дека со авионот управувал искусен екипаж од тројца Белоруси, двајца Руси и двајца Украинци и оти авионот не превезувал никаков товар.

Руски обвинители подоцна соопштија дека во авионот имало уште двајца патници.

Воздушните несреќи не се невообичаени во областа, особено несреќите на застарени авиони во оддалечените области.

Back to top button
Close