Деветта офанзива

 

Воениот термин офанзива како операција со агресивна проекција на воените сили зада се постигне поголема стратегиска, оперативна или тактичка цел, се одомаќи и за други немилитарни активности. Слушаме за градежни иницијативи, посебно пред изборите, офанзивни изборни кампањи, а секако и за дипломатски офанзиви. За време на втората светска војна ,Главниот штаб на НОВ, превзеде седум офанзиви, изостана осмата која можеше да биде нпр. ослободување на последниот активен логор на смрта во Јасеновац. Осмата офанзива сместена во книгата на Б.Ќопиќ, беше дефанзива на власта, а трагичните последици ги поднесе самиот писател. Нас не интересира последнива, па влегуваме директно во главната квартира за изведување на дипломатските офанзиви. Што најдовме?.  Постојана конфузија во оперативните зафати, односно офанзиви со секогаш задоцнет тајминг. Да пообјаснам. Сите офанзиви ги спроведовме  неподготвени со стари мапи и некадарен дипломатски потенцијал. Резултатите се видни. Виновниците познати и славни. За нив има место и на листата на Форбс и црната книга на Стејт Департмент.

На најпрво да ги набројам попознтите дипломатски офанзиви во последниве речиси 30 години. Прогласување самостојоност, признавање на РМ и воспоставување на дипломатски односи, прием во ООН ( БЈРМ) и меѓународни организации, воспоставување на дипломатски односи, прием во меѓународни организации, спор со Грција, прием во НАТО ,  дата за преговори со ЕУ, “барање на мајка” на МПЦ (црковна дипломатија), воената офанзива 2001, која имаше дипломатска позадина и конечно деветата, ветото од страна на Бугарија во финишот на почетокот на преговорите со ЕУ. Пред да поминам на деветата офанзива која може да не доведе и до  деветиог круг на Данте, накратко да ги осветлам изминатите офанзиви.

Прогласување на независноста ја  дочекавме неподготвени и без дипломатија. Дипломатски скромен потенцијал од Белград е повлечен во јуни 1992, значи година дена по прогласувањето на независноста. Истакнатите, високо рангирани кадрови од сојузната дипломатија не ги примија во Скопје, од познати причини.

Во процесот на признавање и воспоставување на дипломатски односи, влеговме без дипломатија и со шеф на дипломатија без ден дипломатско искуство. Институцијата МНР фактички не функционираше. Министерот беше голаб писмоносец на претседателог Глигоров, но не наликуваше на галебот Џонатан кој копнееше по височините.И денес како член на Стратегискиот совет е дипломатски конфузен и истрошен. Не јасен дали неговите ставиви се ставови и на ткн. Стратегиски совет.

Приемот во ОН е посебен “чеховлевски  “неочекиван” расплет, кој не чинеше долгорчен спор со Грците. Го покажа тоталното непознавање на системот на ОН. Чартерот на ОН и познатите примери од обидите за внесување на непознатите услови за прием на државите во ОН. Беше јасно дека после БЈРМ, наводно по зборовите на догашниот ни претседател, ќе потрае три недели, никогаш повеќе нема да се викаме Република Македонија.

За жал прогнозата се оствари. Не е спорно што сме Северна, спорна е  содржината на   преспанскиот Договор. Никогаш не се обелоднето кои наши експерти учествувале во неговото  креирање. Во спорот со Грција ние бевме без шанси, а посебно и поради нашите политички и, пред се, дипломатски грешки. Го глорифицираме беспотребно и помпезно приемот на  СРМ во НАТО како успех на оваа влада, не водејки нималку сметка за иритирање и на останатите стратешки играчи.

Смешна беше ( не само таа) изјава на хирургот Османи, дека протерувањето на нашиот дипломат од Москва, ќе имало долгорочни последивци по дипломатаските односи меѓу СРМ и Русија. После таа изјава, “Путин” веројатно го заказал советот на безбедност во “Кремљ”.

Црковната дипломатија воглавно  канонски  недисциплирана. Нашиот Архиепископ Стефан изјави дека и не знаел за мисијата на претседателот за средбата со Патријархот Вартоломеј, кај кого не се оди без усогласена порака. Военит конфликт кој еуфемситички го нарековме како кризна состојба, се реши со Охридскиот договор наметнат дипломатски и кој постојано пред секои избори се дополнуваше, што еден од американските амбасадори во Скопје, а потоа и во една држава на НАТО и ЕУ ми кажа дека Албанците и после Охрид ќе продолжат со барањата. Ахмети тоа го најави непотврдено и деновиве, “фрлајќи ја   униформата” во зелената боја на екологистите.

Впрочем ништо ново. Фирмата “Еколог “одавно е етаблирана во измеќарството на НАТО, а едено време во Надзорниот или некој си одбор беше и С. Керим, алијас Хари Потер, кој сега е член и на Стратегискиот совет на Османи. Чудно што инвентивниот Заев не го зема со себе во Париз  за средбата со Макрон, со оглед дека жителот на Опатија помина неколку години во Париз неуспешно продавајќи нафта во фирмата на Вукобрат.

Со Бугарија е посебна приказна за нашата дипломатска неукост и институцијална немоќ ,која  сакаме да ја премостиме со  сервилното однесување на поранешниот протестант (веројатно методист како Б. Трајковски), кој после Преспа се стави во неблагодарна улога на Месија, кој конечно ќе ја спаси СРМ и тоа со добивањето на дата за почеток на преговорите со ЕУ. За разлика од нас Софија ја прегна целата дипломатија и тоа не од пред две годинини (Декларација во нивниот Парламент) туку многу порано.

Сите институции во Бугарија, се разбира на чело и со БАН, Бугарската православна црква, моќната дипломатска мрежа, перманентно  прашањето со односите со втората држава на бугарскиот народ  беа високо на агендата на надворешната политика. Ние проблемот со ветото го гледаме емотивно.

Се срамиме да ги изнесеме аргументите. Коленичиме пред поранешниот пожарникар. Веруваме  дека со промена на владата во Софија се менува нешто.

Заборавема дека Софија има подобри односи со Германија и Франција,одткоклу ние. Забораваме, дека реминисценции од поранешните односи со Русија во Бугарија се длабоки. Бугарските позиции се јасни и на Брисел.

А што ние правиме конечно  да ви објаснам почитувани читатели на врелите песоци во Грција и Албанија. Ние блееме безпотребно.

Тотална несихронизираност на ставовите и етапите во дипломатската девета офанзива. Не ги дешифрираме пораките на Рот и Мас се разбира луѓе на Меркел, која си заминува и сака да се реши и спорот со Бугарија, со што директно ќе влијае и во полза на германската позиција во спорот меѓу Белград и Приштина.

После заминуваето на Меркел   можна е корекција на ставовите на Берлин, во зависноста и од агресивноста на францускиот претседател, кој види шанса за превземање лидерство со ЕУ. Заев беспотребно вечераше во Елисејската палата во која прилика го покажа и  екселентното знаење на францускиот јазик, покрај  англискиот, а срдечноста ја манифестираше со ставање на својата десна рака на распеаното срце, со  насмевка на дете кое направило некој мал несташлук, па се извинува. Не ни објаснија зошто Бучковски е олеснител.

Доста олеснуваше. Непотребна беше посетата на Заев на Стамбол за вакцините. Можеше министерот Филипче сам да отиде. Кај  султанот Ердоган не се оди без порака, а не за вакцини.

Пораката се усогласува дома. Таа треба да се усогласува и дипломатски , ама со кого. Заев и Османи никако да обелоданат кои се тие специјалсти кои му ги даваат решенијата, патоказите, толкуваат нон пејпери.

Зошто  во церемониите во Брисел (НАТО) оди премиерот Заев, а не претседателот Пендаровски, како командат на вооружените сили. Не ни паѓа на памет да ги анализираме резултатите од средбата на Путин и Бајден во Женева. А како да ги анализираме. Немаме амбасадор во Вашинттон ниту во Москава, а ниту во Њујорк. И што е најважно во клучните моменти немаме амбасадор во Софија, а тие во Берлин, Лондон и Париз и Брисел не одговараат на предизвиците. Москва ни направи добро што протера еден дипломат. Ни ги намали трошоците, а од таков стаф  немаме никаква полза. Додека нашиве наводно  имале доказ зошто е протеран рускиот дипломат, Русите го протераа поради реципроцитет. А за подржување на политичките санкции спрема Москва, фактурата ќе пристигне.

Ставовите на претседателот и премиерот не покажуват доволна кохабитација, при што претседателот се обидува да покаже поголем сенс, кон бирачите, знаејки на каков начин е избран.При тоа прави и грешки во проценките како што е последната со тврдењето дека ЕУ нема да биде никогаш геополитички играч од голем калибар, поради одлучувањето со консенуз а во Брисел нема атмосфера тоа да се промени. Претседателот заборава дека не е виновен консензусот. ЕУ е заедница на суверени држави, кои имаат и национални интереси. Такви осетливи точки не се менуват лесно. Земето го примерот со ОН. Дури нашиот   понижен кандидат за претседател на ГС на ОН во својата програма ,покрај екологијата имаше намера и да ја реформира ООН, веројатно сметајќи на можност да се прошири членството на постојаниот дел  на Советот на безбедност со Германија. Се разбира тоа е одавно ад акта.

Од друга страна сеуште виртуелниот МНР, Димитров, инсистира дека е ред и ЕУ нешто да испорача. А тоа го бараат и повеќе членки на ЕУ нагласува тој ублажувајќи ја нашата неспособност. ЕУ не испорачува. Таа потврдува Мастрихски правила, сега  збогатени и со мерките на Макрон. И се разбира будно ја пради  комплетната ситуација во државата кандидат. Поради сето ова није бадијала го чекавме 22 јуни и можноста Бугарија да  го повлече ветото. Ние треба да испорачуваме посебно конзистентност и аргументираност. Да престанеме со дипломатското блеење. Бројот на нашите посети на Софија и повикување на  лексичките варијанти на поимот “братство” не ја подобрува нашата ситуација. Треба да испорачиме наши усогласени и јасни црвени линии. Не чека долго жешко лето. “Ајмо у планине” ( Бијело дугме).

Пишува: Ѓорѓи Мисајловски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close