Девојче (13) од Кина потрошило 60.000 евра за игри на телефон, им купувало и на другарите

13-годишно девојче од Кина потрошило 60.000 евра, пари на родителите, за плаќање и купувањае на игри на телефон, објави Бизнис Инсајдер.

Мајката на девојчето сфатила кога ја проверила својата банкарска сметка која наместо 60.000 евра, имала само шест центи. Девојчето освен за себе, вршело плаќање за игри и за најмалку 10 соученици.

Девојчето објаснило дека ја поврзало картичката на својата мајка на својот мобилен телефон и на тој начин потоа ги вршело сите плаќања, но не знаела колку потрошила.

 

Back to top button
Close