Девојче настрадало од струен удар на железницата во населба Маџари- се прекачило преку електрифициран вагон

Малолетничка на 17 годишна возраст доби струен удар, за кој се стравува дека е фатален, денеска во 13 :41 минути, откако се обидела да се прекачи преку електрифициран вагон на Македонски Железници, кој стоел на станицата во скопската населба Маџари, дознава Плусинфо од извори во јавното претпријатие МЖ. Неофицијално, инцидентот го потврди и полицијата, која работи на негово расчистување.

Според истите извори, веднаш по струјниот удар детето е итно префрлено во Ургентен центар за укажување лекарска помош, од страна на екипа на Итната медицинска помош. На самото место излегле и екпи на МВР, од каде најавуваат повеќе информации по расчистување на случајот.

Back to top button
Close