Девојка (25) со автомобил прегази велосипедист во Скопје

МВР информира дека рано утринава во 07:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул. „Партизански одреди“ и бул. „8 Септември“ во Скопје патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната Ј.П. од Скопје удрило во велосипед управуван од З.М.(58) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Back to top button
Close