Девојка киднапирана во Струга, полицијата поднесе кривични пријави, четири лица се осомничени

ОВР Струга поднесе кривична пријава против четири лица од Скопје поради сомнение за сторени кривични дела „грабнување“ и „соизвршителство при грабнување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за А.А. (25), Д.К. (35), Р.К. (18) и Р.К. (21), кои според пријавата, кривичното дело го извршиле на улицата „Маршал Тито“ во Струга, на штета на 23-годишна девојка од Скопје.

Според полициските информации, А.А. најпрво ја забележал девојката и извесно време ја следел, по што во погоден момент насилно ја внел во патнички автомобил. Во извршувањето на делото, како што се наведува, му помогнале и останатите пријавени.

Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот, против осомничените се поднесени соодветни кривични пријави, а надлежните органи ќе продолжат со понатамошно постапување согласно закон.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close