Девојка обвинета за сообраќајка во која едно лице загина, избегала од Македонија – распишана потерница

Девојката Викторија З. која во ноември минатата година предизвика тешка сообраќајна несреќа на патот Кавадарци – Неготино, во која загина едно лице, а тројца беа повредени, побегнала од Македонија додека траел судскиот процес против неа.

Станува збор за 19-годишна обвинета, која не била предмет на никакви мерки на претпазливост – немала забрана за напуштање на државата, ниту ѝ бил одземен пасошот, поради што слободно ја напуштила земјата.

Од Обвинителството за „Скопје1“ ја потврдија информацијата дека се известени од судот дека обвинетата е недостапна за органите на прогонот, по што е распишана потерница.

Судскиот процес, и покрај нејзиното бегство, може да продолжи во нејзино отсуство, а доколку биде осудена, казната ќе може да ѝ се изрече и издржи по нејзиното пронаоѓање.

Несреќата се случила во ноември 2024 година кога автомобил управуван од девојката излетал од патот и удрил во друго возило, при што загинало едно лице, а три биле повредени.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close