Девојка од Македонија (17) исчезна во Германија
Флоринда Зекировски (17) е исчезната од 11. овој месец откако околу 8 часот наутро ѝ се губи секаква трага во германското гратче Корнвестхајм во близина на Штутгарт.
Таа последен пат е видена кога заминува на работа во локална градинка во Корнвестхајм.

Според официјалните информации добиени од нејзиното семејство, последниот активен сигнал од нејзиниот мобилен телефон бил забележан во градот Тибинген.
Во моментот кога исчезнала, Флоринда била облечена во бела јакна, црни фармерки и со себе носела сива торба.
Германската полиција е веднаш известена за случајот и веќе активно работи на терен и го истражува исчезнувањето, додека паралелно семејството ја продолжува потрагата по неа.






