Девојка од Мокрино сакала да оди за Швајцарија, а била во изолација

Девојка од струмичкото село Мокрино доби кривична пријава од полицијата, откако се обидела да патува за Швајцарија, иако ѝ било издадено решение за изолација.

„СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.Р.(27) од с.Мокрино, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопшти МВР.

„На 16.04.2021, пријавената се обидела да патува на релација Скопје – Базел, иако била задолжена да остане во својот дом и да го почитува решението од Државен санитарен и здравствен инспекторат со кое била во изолација“, се додава во полициското соопштение.

Back to top button
Close