Девојка пронајдена мртва во својот дом во Штип

Дваесет и двегодишна девојка, вчера утрото, била пронајдена мртва во нејзиниот дом во Штип.

-Во СВР Штип било пријавено дека К.В. околу 07.00 часот во нејзиниот дом на ул.„Булевар ЈНА“ во Штип, ја пронашла својата ќерка С.В.(22) во бессознание. Од лекар на Итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. За настанот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата ќе биде дадено на обдукција, информираат од МВР.

Back to top button
Close