Девојка со „матиз“ излетала од патот Берово-Делчево, возела со 1.59 промили алкохол

Утрово, околу 03:20 часот по полноќ на регионалниот пат Берово-Делчево, во атар на село Чифлик, Беровско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Берово ја привеле дваесет и тригодишната В.К. од Берово.

Управувајќи возило „матиз“ со беровски регистарски ознаки на патот, околу 02:50 часот, таа изгубила контрола и излетала од патот, а при вршење увид било констатирано дека го управувала возилото под дејство на алкохол, односно и биле измерени 1,59 промили алкохол во крвта.

-По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 297-а од кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ – информираат од МВР.

Back to top button
Close