Дезинфекција на улиците и гласачките места во Делчево

 Во Делчево вечерва ќе се врши дезинфекција на сите улици и избирачките места. Со цел успешно спорведување на активноста, надлежните апелираа да се отстранат паркираните возила во близина на избирачките места.

-Дезифекцијата ќе ја вршат екипи на ТППЕ Делчево, а освен на избирачките места ќе се дезинфецираат и сите улици и тротоари во нивна близина. Дезинфекцијата е во рамките на Оперативниот план за спречување и ширење на коронавирусот на територијата на општина Делчево, информираат надлежните.

Градоначалникот Горан Трајковски, уште еднаш упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство и Владата, за заштита од коронавирусот, да носат заштитни маски, да држат дистанца и да не се групираат заради безбедност и заштита на нивното здравје.

Во Делчево повеќе од два месеци не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.

Back to top button
Close