Дезинфицирани супермаркетите во Oпштина Центар

Општина Центар информира дека континуирано продолжува со грижата за здравјето на своите граѓани и презема мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

По препорака на Општина Центар, како што се наведува во соопштението, извршена е дезинфекција на супермаркетите на територија на Општината. За безбедност на купувачите и вработените дезинфицирани се маркетите на Веро, Тинекс, Рамстор, Жито маркет, Кам маркет и Стокомак и тоа корпите и количките за пазарување, подовите и површините кои се во допир со потрошувачите, како што се фрижидерите, услужните пултови, наплатните каси и вратите.

Општина Центар потсетува дека спроведе повеќе големи акции за дезинфекција на јавните површини со кои беа опфатени улиците, парковите, детските игралишта, спортските терени и урбаната опрема. Извршена е и дезинфекција на сите влезови во станбените згради и поставивени се гелови за дезинфекција на раце во влезовите. Дезинфицирани се и сите воспитно-образовни установи на територијата на Општината.

Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ уште еднаш апелираат до сите граѓани доследно да се почитуваат предвидените мерки за зголемена безбедност со што ќе се спречи ширењето на вирусот.

Back to top button
Close