Дијак прогласен за виновен за корупција во рускиот допинг скандал

 Поранешниот шеф на светската атлетика, Ламин Дијак е прогласен за виновен од францускиот суд за корупција за криење на случаи на руски допинг и е осуден на четири години затвор, од кои две се условни.

Дијак, 87-годишен Сенегалец кој е претседател на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ), сега светска атлетика од 1999 до 2015 година, е казнет и со 500.000 евра. Судијката во Париз, Роуз-Мари Хуно, рече дека Дијак најверојатно нема да замине зад решетки.

– Со оглед на вашата возраст, можете да очекувате условна казна, рече таа.

Дијак рече дека веднаш ќе поднесе жалба. Неговиот син, Папа Масата Дијак, поранешен консултант за маркетинг на ИААФ, кому му се судеше без лично присуство, бидејќи Сенегал одби да го испорача, беше осуден на пет години затвор и парична казна од 1 милион евра.

Обвинителите велат дека Дијак се стекнал со 1,5 милиони долари од руски фондови во замена антидопинг единицата на ИААФ да ги покрие или одложи казните за нарушувањата од страна на 23 Руси, за да им се дозволи учество на Игрите во Лондон 2012 година и Светското во атлетика во Москва година подоцна.

Back to top button
Close