Дијалогот со ССМ веројатно ќе продолжи утре, најави Ковачевски

И наставниците и негувателките се дел од јавниот сектор и драго ми е што низ дијалог со СОНК постигнавме договор за зголемување на платите за 15 отсто. Кај универзитетските наставници веќе има планирано зголемување во буџетот, а со претседателот на ССМ веројатно утре ќе продолжиме со дијалог, истакна премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето на Канал 5 во врска со преговорите со ССМ за линеарно зголемување на платите.

Според премиерот, постојат три поврзани теми кога се зборува за зголемување на платите.

– Кога разговаравме и со СОНК и со Сојузот на синдикати на Македонија, разговаравме за три работи. Првата работа е зголемување на платите, втората е методологија за зголемување на платите, каде ќе биде вклучен и перформансот на вработените, зголемување на ефикасноста, зголемување на нивната продуктивност, но и донесување на нов закон за плати. За новиот закон ќе треба сигурно шестмесечен период за усогласување, но има голема неконзистентност во платите во јавниот сектор. Таа неконзистентност мора да се отстрани бидејќи на крјаот на денот секоја неконзистентност или неусогласеност ги нарушува работните однсои во јавниот, но и во приватниот сектор, додаде Ковачевски.

Тој рече дека мора да се изврши усогласување на платите, бидејќи има институции кои се значајни но имаат ниско ниво на плати и затоа не можат да се задржат работниците.

-И наставниците и негувателките во градинките се дел од јавниот сектор. Драго ми е што низ дијалог покажавме дека сме држава со институции и со правни механизми. Беше искористен институтот на медијаторство, беше постигнат договор со СОНК и тоа на заедничко задоволство, бидејќи наставниците заслужуваат да имаат поголеми примања. 15 отсто ќе биде зголемувањето. Кај универзитетските наставници веќе има планирано зголемување во буџетот, додаде премиерот.

Тој напомена дека со претседателот на Сојузот на синдикати вчера имал разговор, а веројатно во текот на утрешниот ден ќе продолжи дијалогот

Back to top button
Close