Дијана Хрка единаесетти ден штрајкува со глад пред српското Собрание

Дијана Хрка, мајката на младиот Стефан кој загина при уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад и која веќе 11 дена штрајкува со глад пред српскиот Парламент барајќи одговорност за трагедијата во Нови Сад, утрово била посетена од лекар, но во моментов не е можно да се дознаат повеќе детали за нејзината здравствена состојба откако вчера потврди дека се чувствува слабо, но рече дека не се откажува, пренесува „ФоНет“.

„Навикната сум да бидам повеќе гладна отколку сита, можам да издржам подолго отколку што мислат многу луѓе“, изјави вчера Дијана Хрка.

Таа рече дека инсистира на исполнување на барањето, а не на празни муабети.

„Институциите сè уште не си ја вршат работата. Топката само се префрла помеѓу обвинителството и претседателот“, рече Хрка.

Таа започна штрајк со глад на 2 ноември, барајќи вистина и одговорност за смртта на нејзиниот син и уште 15 други лица при уривање на настрешница, ослободување на сите студенти уапсени за време на протестите и распишување предвремени парламентарни избори.

Од другата страна на оградата, во шаторската населба на поддржувачите на Владата, нема собири, а полицијата стои покрај оградата како и во претходните денови.

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека неговата молба до Дијана Хрка сè уште важи и дека направил сè што е во негова моќ да помогне да се запре агонијата на жената за таа да не го загрози своето здравје

Back to top button
Close