Дијана Хрка го напушти шаторот пред српското Народно собрание каде штрајкуваше со глад


Дијана Хрка го напушти шаторот од пред српското Собрание каде што штрајкуваше 11 денови со глад.
Како што ветераните изјавија за ТВ Н1, таа заминала по приватна работа и веруваат дека наскоро ќе се врати.

Нејзиното заминување ја вознемирило насобраните кои и даваа сите 11 денови поддршка
Попладнево таа изјави дека нејзината здравствена состојба се влошила – рече дека е малаксана, но дека се уште нема да прими инфузија и ќе продолжи со штрајкот со глад.
Граѓаните вечерва организираа заедничка молитва за нејзината здравствена состојба и запалија свеќи.
Дијана Хрка, мајката на младиот Стефан кој загина при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад лани, штрајкува со глад единаесетти ден, веднаш до платото на српскиот парламент.
Хрка го започна штрајкот со глад на 2 ноември, денот по големиот комеморативен митинг во Нови Сад одржан на годишнината од трагедијата, барајќи надлежните органи да ги приведат сите лица осомничени за падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, да ги ослободат сите незаконски приведени студенти и да ги ослободат обвинетите и да се распишат вонредни парламентарни избори.

Back to top button
Close