Дијане Кругер по три години го откри името на ќерка ѝ

 Германската глумица Дијане Кругер и ѕвездата од „Живи мртовци“, Норман Ридус, пред три години го добија своето прво дете. Занимливо е тоа што успеаја да го зачуваат името на девојчето во тајност досега.

Глумицата за „Пипл“ проговори за тоа како е да се роди дете на 42 години и го откри нејзиното име… Девојчето се вика Нова Тенеси, а Кругер ја објасни и симболиката околу тоа.

– „Нова“ на латински значи – нов почеток, а новата ѕвезда постојано се менува и повторно се раѓа. И, ние ги сакаме Тенеси и планинската верига Смоуки Маунтинс – често возиме мотор таму, појасни глумицата.

Во минатото, Кругер всушност и го навести името на Нова на Инстаграм, кога носеше ѓердан со зборот Нова во објава од октомври 2019 година, каде во описот напиша дека нејзината ќерка ѝ е сѐ на светот. Сега откри и дека малечкото често го нарекуваат „Нуно“ и „Нени“ и дека мајчинството ѝ помогнало да го погледне светот со поинакви очи.

– Илјада пати да направиш толку многу работи на мои години – јас повторно го гледам сѐ тоа низ нејзините очи. Без разлика дали станува збор за првиот вкус на сладолед или првиот допир на снег, има нешто толку освежувачко и едноставно во овој живот на мајка и ќерка што го сметам за величествено!, истакна Кругер.

Back to top button
Close