Дичев: Што точно сакаме од нашите соседи?

„Во Договорот за добрососедство не пишува дека соседите треба да се откажат од јазикот и да го прогласат Гоце Делчев за Бугарин“, вели бугарскиот професор, Ивајло Дичев.

    

Ивајло Дичев, професор по културна антропологија на универзитетот во Софија

Денот на сесловенските просветители – светите Кирил и Методиј, повторно ги врати на сцена дебатите за азбуката, јазикот и бугарските „дијалекти“, а во контекст на Договорот за добрососедство и решавањето на прашањата од заедничката историја на Бугарија и Северна Македонија.

Бугарскиот професор по културна антропологија, Ивајло Дичев, во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС, во национализмот ги лоцира причините за темите кои ги одалечуваат двете земји,.

„Националистите и национал-популистите во Бугарија и Република Северна Македонија немаат интерес за добри односи меѓу нашите две држави. По иронија на судбината, и тука, и таму, тие имаат едно и исто име – ВМРО. Тие прават сé што е можно за да се разделиме да не бидеме заедно. Националистите кои ја поддржуваат владата сакаат да покажат дека заштитуваат некаква национална гордост. На крајот, тие ќе ја уништат најголемата тема што ја имаме во овие години – да и помогнеме на Северна Македонија да влезе во ЕУ, да ги подигнеме границите меѓу нас и да станеме дел од едно политички простанство за кое мечтаеле нашите предци“, вели Дичев.

Nord-Mazedonien Bulgarien Borissov zu Besuch bei Zaev in Skopje (Reuters/O. Teofilovski)

Повеќе:

Дичев: Спорот околу македонскиот јазик е смешен

Што точно сака Бугарија од С. Македонија?

Од сите проблеми, Бугарија се фати за коските на Гоце!

Тој истакнува дека со поставувањето апсурдни пречки и услови пред Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, значи дека тој што ги става тие пречки, игра туѓа игра. Дичев ги повикува новинарите да ја постават „пред одговорност владата на ‘Граѓаните за европски развој на Бугарија’ (ГЕРБ)“ – да не ја запира Северна Македонија кон ЕУ ​​со имагинарни и глупави аргументи.

„Што точно сакаме од нашите соседи?“ Кога ќе го отвориме и прочитаме Договорот за пријателство и добрососедство, ќе востановиме дека тие не прават ништо што е во спротивност со него. Таму не пишува дека треба да се откажат од јазикот и свечено да го прогласат Гоце Делчев за Бугарин“, вели Дичев.

ВМРО – камен или мост?

Деновиве токму бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, кој е лидер на партија со историскиот предзнак „ВМРО“, ВМРО- БНД (Бугарско Национално Движење) изјави дека Македонија нема да може да ги почне преговорите со ЕУ се додека не ги реши сите спорови со Бугарија. На оваа изјава и други негови тези, јавно реагираше Петар Богојески, носител на листа во ИЕ 1 од „Македонски концепт“.

„Редно е да прифатите и да иницирате процедура за заштита на ВМРО од злоупотреба за политички цели во нашите две земји! Иднината на Македонија се темели и мора да остане така, на идеалот на ВМРО и Илинден! Господине министер, јас сум од Крушево, Македонија, а ВМРО природно се раѓа во нашите семејства! Вие сте од Русе, Мизија, а чувството за Организацијата таму е само далечен призвук! Болшевичката теза за 1945 година ‘не минава’! Никогаш нема да прифатиме дека државноста на Македонија се градела на ‘болшевички’ темел. Од сите нас зависи, дали ВМРО ќе биде каменот или мостот! Ние компромис со нашата државност не правиме!“ реагираше Богојески.

Bulgarien Verteidigungsminister Krasimir Karakachanov (BGNES)Красимир Каракачанов, бугарски министер за одбрана и лидер на ВМРО- БНД (Бугарско Национално Движење)

Во констатациите на професорот Дичев, Богојески препознава дел од „будната јавност” во Бугарија, глас на разумот, човек кој ја дели судбината на професорот Денко Малески.

„Лично се согласувам со дел од неговите констатации. Особено ја нагласувам потребата по итна постапка, т.н. историска комисија да земе решение за заштита на ВМРО од понатамошна злоупотреба од страна на политичките партии во двете држави! БНД во Бугарија да го ослободи идентитетот на Сојузот на македонските друштва, а ДПМНЕ во Македонија да се произнесе по прашањето за начинот на кој прво ќе постигне македонско национално единство во Македонија, а потоа без помирување со милиони нашинци, кои живеат во Бугарија. Она што го очекува Бугарија, а тоа е објективизација на историјата, ги убедувам дека тоа може да биде само внатрешен процес во македонското општество и ќе биде значајно олеснат, доколку се одвива паралелно со процесот на длабока демократизација и европеизација на земјава“, вели Богојески.

Јазикот на настанува преку ноќ

Тој процес очигледно нема да биде лесен. Бугарската академија на науките (БАН) издаде книга, според која официјалниот јазик на Северна Македонија е „југозападна писмено-регионална норма на бугарскиот јазик”. За ова издание во бугарски медиуми коментираше професорот Васил Николов.

„Како заменик претседател на БАН, сум раководител на проектот што заврши со оваа книга. Јас не сум лингвист, јас сум историчар. Она што ќе го кажам, се заснова на објавениот строго научен текст, подготвен од 12 автори и 6 консултанти лингвисти и историчари од БАН и од универзитетите во Софија, Велико Трново и Благоевград. Треба да се знае дека има неколку писмено-регионални јазични норми, и Вардарската е една од нив. Луѓето во Република Северна Македонија зборуваат на оваа верзија на бугарскиот јазик. За жал, тоа е резултат на политичко-лингвистичко инженерство спроведено во 1944 година, а не на природни јазични процеси“, вели Николов за весникот „24 часа“.

Neue mazedonische Rechtschreibung vorgestellt (MIA )

Како пример посочува дека во Австрија зборуваат варијанта на германски јазик, но се чувствуваат Австријци, и дека е слична ситуација со Бугарија и Северна Македонија.

„Со определување на јазикот како регионална норма на бугарскиот, авторите никаде во книгата не тврдат дека луѓето во Република Северна Македонија треба да се чувствуваат Бугари. Современата етнографска наука сведочи дека човекот се самоопределува според тоа како се чувствува“, вели Николов.

Професорката Гордана Силјановска Давкова неодамна на Фејсбук ги коментираше сличните тези за „настанокот“ на македонскиот јазик.

„Доцната кодификација на македонскиот јазик не значи дека тој „настанал“, односно „бил (и)змислен“ во 1945, ами дека вековната борба, потврдена со антифашистичката, се курнисала со македонската национална држава, како потврдена европска и балканска реалност, и дека, „конечно“, македонската нација можела да го кодифицира еден од најстарите европски јазици, македонскиот, како државен, службен јазик во демократска Република Македонија“, напиша Силјановска.

извор: ДВ

Back to top button
Close