ДИК го одби приговорот на Димитров за упадот на Стоилковски на пресот, го упати на суд

Джавната изборна комисија на денешната седница го отфрли приговорот на Никола Димитров, носител на кандидатска листа во ИЕ 1 на СДСМ поднесен за попречување на изборна кампања за настанот кога портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, му упадна на прес-конференцијата на Димитров во рамки на предизборните активности.

Димитров бараше Стоилковски да биде парично казнет, со меѓу шест и две илјади евра.

ДИК, како што соопшти членот Елизабета Постолоска е ненадлежна за ова и упати Димитров приговорот да го поднесе до Основниот суд.

Настанот се случи на 30 јуни, кога Димитров одржуваше прес-конференција пред зградата на Обвинителството по повод почетокот на примената на новиот Закон за јавно обвинителство. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски се обиде да го прекине во изјавата и довикуваше дека лидерот на СДСМ давал „црни пари за референдумот“, алудирајќи на една од новите „бомби“.

Back to top button
Close