ДИК: Излезноста до 9 часот е 6,26%

Државната изборна комисија објави на својата страна дека излезноста на избирачките места до 9 часот е 6,26 проценти. Досега своето право на глас го оствариле 113,590 граѓани кои гласале на предвремените парламентарни избори, а податоците се однесуваат за 2.815 избирачки места.

По изборни единици податоците до 9 часот се следни:

ИЕ 1 – излезност од 7,91 проценти

-општина Аеродром најголема излезност со 10,16 проценти, додека најниска излезност има во Студеничани од 1,99 проценти

ИЕ 2 – излезност од 6,51%

-општина Ѓорче Петров најголема излезност со 9,15 проценти, додека најниска излезност има во Липково од 1,81 проценти

ИЕ 3 – излезност 7,23%

-општините Крива Паланка 11,46% и Пробиштип 10,27 проценти имаат најголема излезност, додека најниска излезност има во Чашка од 3 проценти

ИЕ 4 – излезност од 7,68 %

-општина Новаци најголема излезност со 10,87 проценти

ИЕ 5 – излезност од 6,14%

-општина Кривогаштани најголема излезност со 13,01  проценти, додека најниска излезност има во Центар Жупа од 1,78 проценти

ИЕ 6 – излезност од 3,37%

-општина Јегуновце најголема излезност со 4,17 проценти, додека најниска излезност има во Врапчиште од 1,39 проценти

Back to top button
Close