ДИК: Излезноста на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот е 28,07 проценти

Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на повторените избори до 18:30 часот изнесува 28,07 отсто.

По општини:

– Врапчиште: 31,76 %

– Гостивар: 28,22 %

– Маврово и Ростуше: 28,04 %

– Центар Жупа: 13,18 %

 

Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека поради задоцнето отворање, ќе има продолжување на пет избирачки места, три во Гостивар и две во Маврово-Ростуше. Најдолгото продолжување на гласањето во траење од 2 часа и 45 минути ќе биде на избирачко место 503 во Гостивар.

На избирачкото место 0782 во Ќафа немало гласање бидејќи тоа воопшто не било отворено

Back to top button
Close