ДИК купи 150 таблети за изборите, тендерот тежи 20.500 евра

Државната изборна комисија ДИК, пред неколку дена, реши да набави 150 таблети, за, како што велат, организирање на парламентарните и претседателските избори, пренесе Фокус.

Вредноста на склучениот договор, објавен на Бирото за јавни набавки, е 1.260.000 денари или околу 20.500 евра. Поединечната цена на еден таблет е 135 евра. Фирмата пак која треба да ги испорача таблетите е Друштвото за трговија и услуги АДВАНС МЕДИЈА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

Тендерот бил склучен без претходно објавување на оглас, но со преговарање, бидејќи понуда доставиле две компании.

повеќе

Back to top button
Close