ДИК преброи 72% од гласовите за Скопје – Арсовска води со над 3.000 гласа пред Шилегов

Државната изборна комисија (ДИК) се уште ги пребројува гласовите од вчерашните локални избори. За Град Скопје досега се преброени 72,24% од гласовите, а според нив Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, е во благо водство пред Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ.

Поточно, Арсовска засега има 61.300 гласови, а Шилегов 57.778 гласови, или 3.522 гласа разлика. Зад него е кандидатот на Левица, Перо Георгиевски-Камиказа, со 13.947 гласови.

Back to top button
Close