ДИК пресече. Доволни се 2 потписа за независна кандидатура

На денешната 129-та седница, Државната изборна комисија (ДИК) со шест гласа „за“ и еден „против“ го усвои правилникот со кој независните кандидати ќе може да поднесуваат листи за советници со само два потписи.

Со оваа одлука значително се поедноставува постапката за учество на независните во локалните избори. Новите правила ќе стапат во сила по нивното објавување во „Службен весник“.

За прашањето на потписите, во саботата беше закажана и итна собраниска седница. Предлогот предвидуваше независните листи да треба да обезбедат потписи од 0,9% од вкупниот број запишани избирачи во општината. Но измените не беа изгласани – дел поради немањето доволен број пратеници во салата, а дел поради потребата од бадентерово мнозинство.

Ова доаѓа откако претходно Уставниот суд го укина постојниот член во Изборниот законик, според кој независните кандидати мораа да обезбедат најмалку 1% потписи од запишаните избирачи во општината

Back to top button
Close