ДИК: Се затворија вратите на повеќето, но не и кај сите гласачките места
Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Република Северна Македонија можеа да гласаат во вториот круг од Локалните избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
Како што информира претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, гласањето ќе продолжи на неколу избиорачки места, каде што имало прекин на изборниот процес повеќе од еден час. Продолженото гласање ќе биде толку колку што траел прекинот.
Според податоците на ДИК, излезноста до 18:30 часот е 48,88 отсто.
Во вториот круг од седмите Локални избори се гласашe за градоначалници во вкупно 44 општини на 2481 избирачко место. Право на глас во овие општини имаат 1 353 990 избирачи.
Повторување на гласањето за градоначалник и за совет имашe на едно избирачко место (0543) во Дебар, а ќе се прегласува и на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари за членови на совет. Управниот суд го поништи гласањето на овие две избирачки места за гласањето од првиот круг на изборите на 17 октомври.
Во вториот круг од Локалните избори се гласаше за градоначалници во општините: Арачиново, Битола, Боговиње, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Гостивар, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино, Зелениково, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Охрид, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Росоман, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чашка, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари и Град Скопје.
Во првиот круг од гласањето беа избрани 32 градоначалници, како и членовите на општинските совети.
Поради пандемијата со Ковид -19, Локалните избори се спроведуваат со почитување на општите мерки за заштита од Ковид-19.