ДИК заврши со пребројување на гласовите во Куманово – Димитриевски води со само 22 гласа

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, води пред кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски за 22 гласа, согласно последната промена направена од Државната изборна комисија (ДИК).

ДИК ги објави резултатите од 100% од гласовите.

Имено Максим Димитриевски освои 15.164 гласа, Оливер Илиевски од СДСМ освои 15.142 гласа, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски освои 8.582 гласа.

Back to top button
Close