Димитар и Тамара победници на денешната десеткилометарска трка на Водно

Димитар Петровски во машка конкуренција, кој истрча 10 километри за 30 минути и 8 секунди и Тамара Јолева Попов во женска конкуренција, која истрча за 41 минута и 11 секунди, се двајцата победници на денешната трка што се одржа на Водно. На атлетската трка која годинава се одбележува по втор пат, годинава се пријавиле околу 320 учесници, бројка која е погoлема од минатата година. Најмладата учесничка е Анастасија Радосављевиќ, која има 10 години.

Рутата на движење на атлетската трка беше од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138), до манастирот „Св. Пантелејмон“ и обратно. Од тие причини одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје презеде мерки за пренасочување на сообраќајот по околните сообраќајници.

извор: Мета

Back to top button
Close