Димитриеска-Кочоска: Во буџетот имаме суфицит и помало задолжуање на домашниот пазар од планираното, крајот на годината може да го завршиме со понизок дефицит

 

Средствата од унарскиот заем во моментот се се уште на сметката и не се користат. На буџетската сметка имаме суфицит, а тоа резултира да имаме помало задолжување на домашниот пазар од планираното. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Kочоска во гостување во 360 Степени.

„Средствата од унгарскиот заем се се уште на сметката и во овој момент нема потреба од нивно користење. Имаме буџетски суфицит на сметката,  а тоа остава и простор за помало задолжувањето на домашниот пазар од планираното. Очекувам дека ќе почне реализацијата на проектите и дека до  крајот на декември ќе се користат и средствата од заемот, а она што нема да се искористи ќе значи дека буџетскиот дефицит ќе се реализира во помал износ и ќе се пренесе поголемо салдо на буџетската сметка за наредната година. Имено со ребалансот е предвидено да се пренесе салдо од 502 милиони евра“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа потврди дека во недела ќе се одржи нов состанок со деловните банки преку Македонската банкарска асоцијација на којшто се очекува конечно дефинирање на условите под коишто ќе бидат понудени средствата на компаниите како крајни корисници.

„Средбите се одржуваат во континуитет преку Македонската банкарска асоцијација. Нова средба ќе имаме во недела, којашто веќе е договорена и на неа  ќе присуствува и премиерот и очекуваме конечно да ги дефинираме условите. Зборуваме за каматна стапка од 3,25%, односно тука нема да има промена. Тоа е таа каматна стапка по која е земен кредитот од унгарската Експорт-импорт банка. Имавме дискусија во однос на прашањето и за што не се согласија банките, а тоа е  да учествуваат на некој начин во субвенционирањето на каматите и да покажат општествена одговорност и да се сподели таа општесвена одговорност.  Имено ние на правиме нешто поразлично од претходно, бидејќи од 2011 година наваму се повлечени 650 милиони евра од различни кредитни линии средства за кои државата ја субвенционирала каматата“, рече министерката за финансии.

Таа додаде дека една од банките изразила интерес дека може да учествува во субвенционирањето на каматата, како и во однос на условите за рокот на отплата и во таа насока е состанокот во недела да се дојде до конечните услови.

„Нашата цел е сите банки да учествуваат, иако во пракса може да се пласираат средствата и преку една банка.  Но, целта е да работиме со сите банки, а на таков начин и потапката за клиентите да биде поедноставна, односно да го земат кредитот од банката со која работат“, рече министерката.

Укажа на моментот дека се работи на процесот за пласирање на средствата и дека се чекало да заврши постапката на префрлање на средствата на буџетската сметка, а оттука и начинот на кој ќе се префрлат до Развојната банка, од каде понатаму треба да бидат трансферирани до деловните банки и крајните корисници.

Во итервјуто се осврна и на средствата од унгарскиот заем наменети за општинските проекти. При тоа посочи дека се обезбедени 250 милиони евра за општинските проекти и дека очекува нивна реализација со оглед на тоа што целта била да се поддржат проекти коишто се готови и кај кои реализацијата на терен брзо може да се одвива.

За следната година посочи на очекувањата за реализација на предвидените капитални проекти како патните правци од Коридорите 8 и 10д, за кои се одвоени 12 милијарди денари, потоа реализацијата на општинските проекти, како и проекти кои се финансираат од меѓународни финансиски институции а кај кои имало застој. Посочи дека нема да има трансфери кон ЕСМ и дека нема да има проблеми со снабдувањето со електрична енергија и дека со Прдлог-буџетот за 2025 година се обезбедени средства за раст на платите во обрзованието, здравството, како и во администрацијата согласно потпишани колективни договори.

 

Back to top button
Close